Пејачката титулата за најпопуларна звезда на твитер ја презела од Бритни Спирс бидејќи има дури 5,7 милиони обожаватели на твитер. Тоа е околу 6000 повеќе одошто има Бритни. Таа ветила дека и понатаму ќе ја користи социјалната мрежа, а за титулата преку истата им се заблагодарила на своите фанови преку видео клип.


Лејди Гага освен на твитер исто така е најпопуларна и на друштвената мрежа Фејсбук. Таму има 16 милиони пријатели, што е повеќе и од Бритни Спирс и од американскиот претседател Барак Обама.