Поп пејачката Лејди Гага ќе подари милион долари на Црвениот крст за помош на жртвите на супер невремето Сенди. Пејачката која е родена во Њујорк во средата на својот блог навела дека во име на своето семејство ќе донира пари за помош на настраданите.
Таа навела дека не би била личноста која е денес доколку не биле местата како Харлем, Бронкс и Бруклин. Во ураганот Сенди пред една седмица настрадале, само во Њујорк, повеќе од 100 лица, а милиони останале без електрична енергија.