Пејачката Лејди Гага, која идниот месец ќе одржи концерт во Софија, купува свој имот во Грција, соопштија нејзини блиски извори.
Имотот на американската пејачка ќе чини 10 милиони фунти, а се наоѓа во атрактивен дел на островот Крит, пренесува „Макфакс“.
„Ќе биде феноменален”, коментираат нејзините блиски.
26-годишната пејачка, која како дете посетувате католичко училиште, планира да изгради и црква.
„Покрај палата и црква, проектот предвидува да бидат изградени и тениско игралиште и два базена”, вели неименуваниот извор.
OhridNews