Иако многу пати се фотографирала гола, Лејди Гага повторно решила да ја шокира публиката со својата голотија, овој пат на насловната на списанието „Candy“. Сепак, никогаш тоа не го сторила толку експлицитно како овој пат.

Огрната со бунда, со шешир и бркови на главата, во стилот на Салвадор Дали, контраверзната пејачка ги раширила нозете и им го ставила на увид на читателите своето меѓуножје. Постои и верзија на насловната на истиот број на кој е скандалозниот Мерлин Мнсон, но дури и тој тоа го сторил многу попристојно.