Во последниве неколку месеци Лејди Гага била прлично тивка на Твитер а во блиска иднина нема да се враќа на оваа друштвена платформа. Поп ѕвездата неодамна ги избришала сите свои твитови после 6 февруари и оставила коментар наместо биографија „Овој интерфејс моментално е угасен. Проверувајте повремено дали ќе има промена“.
Исчезнал дури и нејзиниот аватар и останало само мистериозно твитер јајце. Нејзината асистентка Соња во март рекла дека пејачката престанала да твитува како би се концетрирала на здравјето, бидејќи закрепнувала од операцијата на колкот.