Лејди Гага не се откажува од тоа да биде што пооригинална. Датумот на излегувањето на својот нов сингл и албум го најавила на Твитер. покрај датумот на објавата, поставила и фотографија со гол задник. на обожавателите им се обратила нешто после полноќ. Името на новиот сингл и албум е “Born This Way”.


Објавила дека новиот сингл ќе се појави на 13 февруари, а новиот албум на 23 мај. На обожавателите им се обратила со зборовите „Немојте да се криете зад сожалувањето, сакајте се самите себе и се ќе биде во ред. Убава сум на свој начин бидејќи Бог не прави грешки“. Нејзиниот последен албум “Fame Monster” бил продаден во 5,8 милиони копии.