Лејди Гага со песните „Poker Face“, „Bad Romance“ и дебитантската „Just Dance“ достигнала најголема гледаност на Ју Тјуб. Спотовите на американската пејачка биле погледнати повеќе од милијарда пати, соопштуваат странските медиуми.
На второто место се наоѓаат исечоци од филмскиот серијал „Самрак“, со околу 980 милиони погледнувања, а на третото место се хитовите на американскиот рапер и продуцент Соул Бој, со околу 860 милиони погледнувања.