Поп пејачката Лејди Гага соопштила дека пати од сериозно воспаление на зглобовите и дека моментално не може да оди, што ја приморало да ги откаже закажаните настапи по САД. Таа во соопштението навела дека е скршена и дека повредата и болката ја криела веќе еден месец, се молела да пројде, но по последниот настап не можела да оди.
Слична порака испратила и на социјалната мрежа Твитер, на која има околу 34 милиони следбеници. Таа навела дека се надева како наскоро ќе може повторно да дава 500 проценти од себе, бидејќи фановите тоа го залужувале. Таа ги одложила настапите во Чикаго, Детроит, Хамилтон и Онтарио. Таа веќе две години се наоѓа на својата светска турнеја ‘Born This Way Ball”.