Лејди Гага открива дека своите неверојатни сценски костими ги носи и во кревет. Вели дека костимите и тешката шминка едноставно заборава да ги соблече кога ќе почне да се забавува со пријателите кои дошле да ја посетат. “Моите најдобри пријатели, кои често ме посетуваат во хотелите во кои отседнувам за време на турнеите, ме нарекуваат кралица на убавината и катастрофата“, додава таа.
“Знам да се разбудам, а периката да ми паѓа од главата. Мојата лажна бемка е на другата страна од лицето. Надреално!“ Настапувајќи во ток-шоуто на Елен Деџенерес, за прв пат го извела својот најнов хит “Juda“, и потврдила дека е кума на малиот Захариј, четворомесечниот син на Елтон Џон и Дејвид Фурниш.
Оваа неверојатна пејачка изјавила дека понекогаш е изненадена од сопствениот успех, “Имам 25 години и ги распродадов картите за концерт за петте вечери во Медисон Сквер Гарден“.