Американската пејачка Лејди Гага предивикала бурни реакции меѓу своите фанови со пораката на Твитер кој зборувала за гладувањето на поп ѕвездата. Пејачката пред неколку дена напишала дека јаде салата а сонува хамбургер.

Некои тоа го протолкувале како повик на гладување, наведувајќи дека таа порака посебно лошо ќе влијае врз лицата кои се борат со пореметувања во исхраната, како булимија или анорексија. Многумина потсетиле на зборовите кои пејачката ги изговорила на почетокот на годинава, кога признала дека во младоста и самата болувала од булимија. Во таа прилика таа ги повикала девојките да заборават на диетите и да живеат нормално.