Лејди Гага група нејзини најверни обожаватели ја честела со пица, бидејќи со часови го чекале нејзиното пристигнување на улиците на Њујорк. Пејачката за време на викендот гостувала во популарното шоу “Saturday Night Live”, а нејзиното појавување пред студиото го чекале десетина нејзини фанови.
Бидејќи биле многу упорни и чекале со часови, пејачката одлучила да ги награди со пица. Таа дури и на својот Твитер профил се пофалила дека нејзините обожаватели се прекрасни и многу трпеливи, и додала дека заслужиле да ги почести.