Популарната пејачка Лејди Гага одлучила да заплови во дизајнерските води така што ќе направи шешири од бубашваби, пренеле британските медиуми. Пејачката наводно на својот тим му наредила да направат шешири полни со бубашваби, а таа ги одгледувала овие инсекти откако едно истражување покажало дека тие најдобро реагираат на нејзината музика.
Неименуван извор близок на пејачката рекол дека Лејди Гага имала фустан од месо, а ова би било нешто слично на тоа. Таа по тоа истражување бубашвабите ги нарекувала „нејзини мали живи монструми“. Шеширите од бубашваби ќе бидат најефтини креации во нејзината колекција.