Пејачката Лејди Гага преговара со Брајан Меј, гитаристот на групата „Квин“ за тоа да стане вокал на оваа легендарна група. Од 2004 до 2009 година наместо него пеел Пол Роџерс, а „Квин“ сака повторно на турнеја и бараат нов пејач.
Меј се надева дека пејачката ќе ја прифати неговата понуда, иако постојат многу други лица кои се заинтересирани за соработка. Лејди Гага често изјавувала дека сака да соработува со групата „Квин“, па наскро ќе следи и нејзиниот официјален одговор.