Еден од надобрите пријатели на трагично загинатата принцеза Дијана, Паул Бурел, на судот му раскажал сосема поинаква приказна од онаа која веќе десетина години кружи во медиумите. Тој наводно тврди дека нејзината врска со Доди Ал Фаед била минлива авантура и начин со кој принцезата сакала да го направи љубоморен кардиологот Хасан Кан – нејзината права љубов.
Бурел во сведочењето пред судот истакнал дека принцезата Дијана ангажирала луге да се распрашаат кај свештеник во близина на Кенсингтон, за брак помежу христијанка и муслиман и дека принцезата последните години од нејзиниот живот ги поминала „бескрајно заљубена“ во Хасан Кан. Тврдењата на Бурел драстично се рзликуваат од досегашните гласини воглавно на односот Дијана и Доди и нивната желба за брак.
Бурел додал дека синовите на Дијана го запознале Хасан и веќе го прифатиле како нивни иден очув.
„Принцезата ми рече дека тој е нејзина сродна душа и дека ко сака како никого досега. И сам бев сведок на таа љубов“ – изјавил пред судот Паул Бурел и така предизвикал бес кај Мухамед Фаед, таткото на Доди, кој инсистирал на тоа дека Дијана планирала венчавка со неговиот син, кој исто така загина во сообраќајната несреќа во тунел во Париз.