Успорувачите на брзина, попознати како „лежечки полицајци“ неколку дена ќе ги нема на булеварот „Туристичка“. Причина е Самитот на претседатели поради кој тие времено се отстранети од асфалтот. Тоа се прави со цел да се овозможи непречено движење на делегациите кои од утре ќе почнат да пристигнуваат во Охрид. По завршувањето на Самитот успорувачите на брзина ќе бидат вратени на своите места.


легнатите полицајци на принуден одмор

Во рамки на подготовките за Самитот се врши и одбележување на патната сигнализација. Се бојадисуваат пешачките патеки и рабовите од коловозите. Времето вчера не ги послужи работниците кои денеска ќе се обидат да го завршат бојадисувањето.


дождот го забави бојадисувањето на зебрите

ohridnews