На кино репертоарот во Центарот за култура, повторно канадскиот филм- авантура „Легендата за Сарила“. Филмот ќе се прикажува на 12-ти, 13-ти и 14-ти , со почеток  во 19.30 часот, влез 50 денари.

Приказната се одвива на далечниот север, есента 1910 година,кога  гладта му се заканува на привремениот логор на младите Инуити. Ситуацијата станува сè полоша бидејќи ловците од ден за ден се враќаат со празни раце. Шаманот Крулик, кој никому не му е познат, фрлил маѓија на племето и таа предизвикала сите животни од тој простор да исчезнат. Меѓутоа, надежта се крие во легендата за Сарила, ветена земја меѓу глечерите. Според легендата, само личност со чисто срце може да премине во ветената земја. Тројца млади Инуити тргнуваат во потрага по Сарила, надевајќи се дека ќе го спасат своето племе од глад.

OhridNews