По завршувањето на фудбалската кариера легендарниот фудбалер на Вардар и Црвена Ѕвезда, Илија Најдовски тотално се изолираше од македонскиот фудбал. Во последните години тој за неговиот избор го обвинуваше првите луѓе во федерацијата дека немаат допирна точка со фудбалот.


Членот на “златната генарација“ на Црвена Ѕвезда за спортскиот магазин “Екипа.мк“ најави дека е спремен да се врати во фудбалот.

– Точно е дека претходно долги години давав ’отпор’ на одредени повици, но овој пат донесена е одлука: Сакам да се вратам во фудбалот. Во овој момент реално согледувам дека сите ние поранешни играчи преку своето искуство сме потребни на македонскиот фудбал. Не знам за другите, но лично сега би се вратил во фудбалот затоа што кога гледам дека секаде во Европа, почнувајќи од Балканот, поранешни истакнати имиња ја водат оваа игра ме фаќа некој инает, чувствувам некоја нервоза дека може уште многу што да направиме за нашиот фудбал –
рече Илија Најдоски.

Мх.П.