Легендарното музичко „Дуо Флеш“ кое со децении е нераскинлив дел од македонската сцена, а се разбира и од охридската, наскоро во етерот ќе исфрли нов сингл за кој се подготвува и видео запис.
Мето и Алек – „Дуо Флеш“ најавуваат поголемо присуство на македонската музичка сцена за што интензивно работат на снимањето на новиот материјал. Паралелно се подготвува и видео спотот за новата песна која ќе биде во поп-рок стил, откриваат за Ohridnews, момците од „Дуо Флеш“.
Дуо Флеш
И покрај обемниот ангажман со клубски свирки во Охрид, Битола и Скопје, „Дуо Флеш“ деновиве успеа да ја заврши фото сесијата кај познатиот фотограф Владо Георгиев. Фотките ќе бидат поместени на новиот музички материјал со кој “Дуо Флеш“ најавува освојување на домашната музичка сцена.