Легендарната група „U2“ после 38 години минати на музичката сцена се наоѓа пред распаѓање, а својот последен концерт најверојатно би требало да го одржат во 2015 година. Поради неуспехот кој го доживеале со песните “Ordinary Love” и “Invisible”, групата сеуште не закажала ниту една турнеја, а исто така немаат во план да издадат албум. Странските медиуми се повеќе шпекулираат дека рок бендот се наоѓа пред распаѓање и дека после 38 години минати на сцената секој ќе тргне по својот пат.
Изгледа дека одлучиле да се поздрават со публиката на спектакуларен начин, па на последниот концерт место новите песни ќе ги свират своите најголеми хитови. Извор изјавил дека Боно Вокс бил под голем притисок. Во овој момент секоја турнеја би можела да биде последна. Додал дека едноставно не се продаваат како некогаш, а сингловите котираат доста ниско на топ листите. Никогаш не настапувале како бенд а да немаат нов материјал. Боно побргу би ги спакувал куферите и би заминал отколку да дозволи да настапуваат без нови песни.