Добитникот на наградата за животно дело на Фестивалот на франсускиот филм, светски познатиот шансониер, Шарл Азнавур, од вчера престојува во Охрид. Тој беше примен од градоначалникот Александар Петрески, кој гостинот накусо го запозна со историјата на најголемиот туристички центар во земјата и настојувањата за негова промоција во светот. Притоа градоначалникот Петрески му подари на Азнавур макета на охридски чун.


Шарл Азнавур, кому во рамкии на фестивалот на францускиот филм ќе му биде врачена нагрaдата за животно дело, денеска во вилата „Билјана“ ќе биде примен и од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

Ohridnews

фото:Ohrid.gov.mk