Финецот Кими Раиконен и следната година ќе биде дел од тимот на Алфа Ромео, откако двете страни успешно ги завршија преговорите за нова соработка. Раиконен задоволен е од новиот договор, а посебно од начинот до кој двете страни пуштија рака.

Постојано ме прашуваа за иднината, но не сакав да лажам додека не потпишам ништо. Сè помина без проблеми, имаше само многу аспекти кои се однесуваат на работата на тимот и мојот тим. Преговорите не траеја долго, ги завршивме скоро веднаш откако започнавме. Сега никој во Алфа Ромео не е задоволен од позицијата на тимот, но таква е ситуацијата. Нашата цел е да станеме подобри. Треба само да работиме подобро следната година, се надевам дека ќе бидеме позадоволни од резултатите во сезоната 2021 година, изјави Раиконен.

Покрај популарниот „Iceman“, договорот со Алфа Ромео го обнови и вториот пилот Антонио Џовинаци.

OhridNews