Поранешниот чувар на мрежата на Интер, Парма, Фиорентина и Џенова, Александа Фреј откри дека добил важна битка со вирус кој комплетно го онеспособил. Францускиот голман бил одведен во болница со висока температура која докторите никако не можеле да ја спуштат, а според неговата исповед воопшто не било наивно.

Како што приметивте, некое време бев отсутен и не постирав ништо на социјалните мрежи. Оправдано, верувајте ми! Пред три недели, ме одведоа во болница со висока температура која денови не се смируваше. После неколку тестови, утврдено беше дека сум заразен со вирус кој потполно ме скрши и можеше засекогаш да ме тргне од вас. Но, го пребродив и тоа и со големо задоволство ви се јавувам. Сега почнувам нов предизвик, повторно одам и повторно ги чувам моите деца. На теренот секогаш се борев да победам, така беше и во болница и така ќе продолжам и понатаму во животот. – објави Фреј на социјалните мрежи.

Со аткивното играње фудбал, Фреј заврши во 2015 година, а остана запеметен по необичниот стил на фризури кој го имаше и квалитетот кој го поседуваше.

OhridNews