Легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер ја шокираше јавноста со отказот кој го даде во БТ спорт телевизијата, каде што работеше како стручен коментатор за мечевите од Премиер лигата и Лигата на Шампиони.

Причината за отказот е генијална, бидејќи Линекер сакал како навивач со своите синови да ги гледа мечевите на Лестер во Лигата на Европа. Потегот на Линекер иако е шокантен, наиде на воодушевување, бидејќи фудбалот е религија во Англија.

Ќе ми недостасуваат камерите, луѓето позади нив и целата екипа од БТ спорт телевизијата. Но одлучив да си ја исполнам најголемата желба и како навивач да ги пратам мечевите на Лестер во европските натпреварувања, – изјави Линекер.

Линекер кој има полни 60 години има четири синови, а според англиските медиуми од ВТ спорт телевизијата годишно заработувал 1 милиони фунти.

OhridNews