Некогашниот прв селектор на македонската фудбалска репрезентација Андон Дончески го посети кампот во Охрид и им посака многу среќа на репрезентативците во натпреварот со Ирска.


-Јас дојдов да им се израдувам на овие фудбалери и очекувам дека цела Македонија да се израдува на победа. Оптимисти сум поради тоа што гледам и чувствувам дека тие се подготвени да бијат битка и да ја добијат. Атмосферата е на високо ниво, и сметам дека  оваа шанса нема да ја пропуштиме и ќе знаеме да ја искористиме. Се надевам дека може да го освоиме местото кое го посакуваме – вели популарниот Чичко Дончо, кој му ја честиташе титулата на Горан Пандев во купот на Италија

М.П.