Легендарниот руски оперски пејач Дмитриј Хворостовски, кој се бореше со туморот на мозокот повеќе од две години, почина во 55 година од животот, соопшти неговото семејство на Фејсбук.
-Топлината на неговиот глас и дух секогаш нека бидат со нас. – напиша неговото семејство во соопштението.
Дмитриј Хворостовски е добро познат на Охрид и Македонија. Тој настапи на отворањето на 53-то „Охридско лето“ во 2013 година на преполниот Антички театар во Охрид. Хворостовски тогаш неколку дена со својот син Максим престојуваше во Охрид, а имаше и прием кај претседателот на државата Иванов во вилата „Билјана“.
–Не ми треба ништо друго. Доволно е ова место за да ја имам врската со бога. – рече тогаш славниот уметник кој беше импресиониран од убавините на Охрид, посебно од црквата Св. Јован Канео за која истакна дека е најуникатното нешто што го има видено.
OhridNews