На денешен ден, осми декември 1953 година родена е Ким Бесинџер. Првите настапи актерката ги имала во тв сериите „Чарлиевите ангели“ и „Six Million Dollar Man“, а првата филмска улога во „Hard Country“. Вниманието го свртела кон себе по објавувањето на нејзините фотографии во списанието Плејбој во 1983 година, а потоа следувала и улогата на бонд девојка во филмот „Никогаш не вели никогаш“ со шон Конери како Џејмс Бонд.
Потоа глумела со Бартон Рејнолдс и Роберт Редфорд, но во еротска ѕвезда ја промовирала улогата во филмот „Девет и пол недели“ со Мики Рурк. Ким била во брак два пати. Со Рон Снајдер од 1980 до 1989 година и со Алек Болдвин од 1993 до 2002 година. Со Алек ја има и ќерката Ајрленд Болдвин.