Четворицата членови на легендарната шведска група АББА пееја заедно за првпат по пауза од 30 години, објави „Гардијан“.
На приватна забава во Стокхолм, по повод јубилејот – 50 години работа на креативниот тандем – Бјорн Улвеус и Бени Андерсон (автори на музиката и текстовите), на сцената беа придружувани од Агнета и Ани-Фрид.
Според шведскиот весник „„Expressen“, откако разговарале за годините поминати во групата, четворицата го исполниле хитот од 1980 „Me and I“. Настанот се случил спонтано, пишува весникот, бидејќи пејачките се качиле да ги поздрават Бени и Бјорк, но конечно и четворицата се вклучиле во пеењето.
Се’ уште не е објавена видеоснимката од изведбата, но на социјалните мрежи се појавија нивните фотографии.
Последната турнеја на групата беше во 1982 година, а во јануари годинава четворицата се собраа за отворањето на „Мама миа“, забавна атракција во Стокхолм, инспирирана од нивните песни.
OhridNews
Извор:„Утрински весник“