Германија како спортска нација секогаш наоѓала излез да се издигне од пепелта, да победи кога е најтешко и кога никој не очекува. Затоа, поранешниот англиски голгетер Гери Линекер во 90-те години од минатиот век изјави дека фудбалот е игра во која после 90 минути победуваат германците. Но во 2021 година, исто, Линекер, овој пат на социјалните мрежи и во улога на аналитичар на британскиот „Скај спорт“ изјави нешто друго, дека фудбалот е игра во која Македонија ја победува Германија.
Изреката доби нова верзија, благодарение на воините на селекторот Игор Ангеловски, кои во целост ги засенија и победија германските супер ѕвезди со 2-1. Пандев, Елмас, Барди и Адеми покажаа како се игра со срце, како се гине на теренот и како со една победа се радува и сплотува цела земја.
Good heavens, Germany have lost to North Macedonia.
— Gary Lineker 💙 (@GaryLineker) March 31, 2021
OhridNews
СП: Сензација во Диусбург, Македонија ја тресна Германија! (видео)