Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Сер Боби Чарлтон боледува од деменција. Информацијата ја потврдија сопругата Сер Боби, Норми и клубот од Олд Трафорд.
Многу сме тажни поради вестите за страшната болест која го погоди нашиот Сер Боби. Ќе направиме се што во е наша моќ и ќе пружиме голема поддршка до фамилијата во овие тешки моменти. – вели Манчестер Јунајтед во соопштението.
Деменцијата влијае на размислувањето, однесувањето и способноста да се извршуваат секојдневните работи. Функцијата на мозокот е доволно засегната за да влијае врз нормалниот општествен или работен живот на лицето. Обележје на деменцијата е неспособноста да се вршат секојдневните активности како последица на намалените спознајни способности.
Чарлтон за Манчестер Јунајтед одиграл 758 натпревар и постигна 249 погодоци. Со „црвените ѓаволи“ освои три титули во Премиер лигата, по еден трофеј во ФА Купот и Лигата на Шампиони. Највредниот успех во фудбалската кариера го оствари со англиската репрезентација, откако успеа со останатите соиграчи на триумфираат на Мундијалот во 1966 година.
OhridNews