Швеѓанецот Фредерик Љунберг ќе се врати во редовите на Арсенал чиј дрес го носеше девет сезони од 1998 до 2007 година. Љунберг ќе биде дел стручниот штаб на менаџерот Унаи Емери и ќе работи со младинската екипа.

  • Многу сум возбуден за приликата да бидам дел од тимот на Емери и за шансата да работам на развојот на младите фудбалери во клубот кој ги поминав најубавите моменти. Целта е тие но и јас на правиот начин да се вклопиме и со работа да му помогнеме на Арсенал во освојувањето на титули. – изјави Љунберг за официјалниот сајт на Арсенал.

Од Арсенал сметаат дека Љунберг е правилен избор за позицијата асистент и тренер на младинската екиоа бидејќи не ќе му треба време за аклиматизација и добро ја познава средината. 42-годишниот Швеѓанецот беше дел од шампионската генерација на Арсенал кој триумфираше без ниту еден пораз во Премиер лигата.

OhridNews