Од министерството за транспорт и врски информираат дека од вкупниот број на поднесени барања легализација на дивоградбите се забележува дека бројот на барања кои се поднесени за во руралните средини е многу помал од градските средини.
 
– Со оглед на тоа дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти се применува и во реони кои не се опфатени со Детален урбанистички план, односно места кои се надвор од градежен реон, Министерството за транспорт и врски апелира до сите граѓани кои живеат во рурални средини и немаат поднесено барање за легализација, да ја искористат оваа можност и да го направат тоа заклучно со крајниот рок – 3- ти септември 2011 година, велат од министерството.

OhridNews