Во фаза на изготвување е нов закон за градење, во рамки на кој се планира продолжување на рокот за легализација на дивоградбите. Се проценува дека со тоа ќе се овозможи легализација на уште 70.000 објекти, во главно домови за живеење, но и деловни објекти.
Од Заедницата на единиците на локална самоуправа – ЗЕЛС, чии претставници се вклучени во изготвување на заонот, велат дека легализацијата ќе се спроведе под други, построги критериуми. Сопствениците нема да можат дивоградбите да ги легализираат за по едно евро како до сега, туку ќе се плаќаат комуналии кои ќе бидат поскапи за 50%. Објектите што нема да може да се вклопат во Деталните урбанистички планови ќе се уриваат, предлага ЗЕЛС.
Целта е да им се укаже на граѓаните кои ќе решат да градат дивоградби дека тоа ќе ги чини. Граѓаните кои легално градат не треба да се чувствуваат оштетени и подредени и не треба преку дивоградбите да се креира социјална политика, порачуваат од ЗЕЛС.
Се проценува дека со стариот закон во земјава се легализирале околу 200.000 дивоградби.
OhridNews