Редок природен феномен кој овие денови може да се забележи долж брегот на езерото Мичиген предизвикал големо внимание кај американската јавност. Имено, стотици ледени топки, од кои некои тежат и по 20 килограми, се појавиле на плажите на езерото.

Метеорологот Џо Шарлвоа објаснил дека температурата на водата во езерото е нешто пониска од температурата на смрзнување, така да на површината на езерото доаѓа до стварање парчиња мраз, кои под удар на брановите стануваат се поголеми и поголеми. После извесно време ветерот топките ги носи на брегот. Експертите навеле дека ова не е невообичаено и дека вакви појави се случуваат редовно, отприлика на секои десет години.