Зимското лизгалиште поставено на кејот Македонија, вчера официјално беше пуштено во употреба. Тоа има површина од 325 метри квадратни, а покрај него има и мала бина, на која секојдневно учениците од основните училишта ќе имаат културно – уметничка програма.

Лизгалиштето е донација на Агенцијата за спорт и млади, а со него во наредниот период ќе управува ЈП „Билјани извори“, информираше градоначалникот Константин Георгиески.

Цената за изнајмување на лизгалките е сто денари од час, а лизгалиштето ќе работи секој ден од 11 – 24 часот.

OhridNews