Во полскиот град Закопане за јавноста е отворен голем леден лавиринт. Тој е направен покрај ски скокалницата и покрива простор од 2500 квадратни метри. Полскиот леден лавиринт ќе го надмине “Arctic Glacier” од Бафало кој во 2010 година влезе во Гинисовата книга на рекорди. Еден од дизајнерите на лавиринтот, Дарек Питлик изјави дека пронашле добар тим со кој можат да работат, а повеќето од нив професионално се занимаваат со градежништво.
Дизајнерот Артур Хабер вели дека лавиринтот се прави на големо градилиште, а на него работат 40 градежни работници кои обликуваат 60 илјади снежни блокови. Хабер исто така додава дека проектот за изградба на ледениот лавиринт почна кон крајот на ноември, но во периодот до јануари имале проблеми со временските услови. Во лавиринтот можете малку да се изгубите, но во него се наоѓаат голем број атракции. Можат да се пронајдат големи блокови мраз во кои се наоѓаат различни интересни предмети, а оние кои ќе го посетат ќе дознаат за што се работи.