Депресивните луѓе ќе можат да добијат бесплатна психотерапија преку мобилен во Јапонија, благодарение на новата услуга која ја смислил еден јапонски професор.

Имено, интернет страница на корисникот најпрво му поставува одреден број прашања за неговите сништа, прехранбени навики, евентуалните промени во тежината и душевната состојба, а потоа нуди терапија преку мобилен.


„Тоа може да им помогне на луѓето во моментите кога им е потребно или кога чуствуваат тешкотии, што во некој поглед е начин на секојдневна превенција од депресија“, објаснил професорот Оно, творец на проектот.

На страната се објаснати и симптомите на депресијата, но се предупредува дека не може да се замени потребната терапија, и се поттикнуваат корисниците да се консултираат со експерти ако патат од сериозна депресија.

Долгогодишното табу во Јапонија, прашањето на депресијата, сега е отворено, но само во патолошка смисла, забележува Оно, кој во минатото се грижел за принцезата Масако, сопруга за јапонскиот престолонаследник, која пати од депресија.