Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, вели дека не му е грижа за критиките упатени кон неговиот тим. Тој го сподели своето мислење по победата над Кливленд оставрена ноќеска на гостински терен со 131:120.

Сè што ќе кажат за Лејкерси не ми е важно. Уживам да играм кошарка. Штом ја напуштам арената, сè останува таму. Навистина го поминувам најдоброто време во мојот живот во моментов. Работам на решение на проблемот, сите работиме на тоа. Тоа е сè што е важно, изјави Џејмс, за „ESPN“.

Триесет и седумгодишниот играч направи трипл-дабл со 38 поени 11 скокови и 12 асистенции во победата над Кливленд. Лејкерси се деветти во Западната конференција од НБА-лигата со 31 победа и 41 пораз.

OhridNews