Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постигна трипл-дабл ноќеска на натпреварот против Хјустон рокетс (134:109) во регуларниот дел од сезоната во НБА.
Џејмс средбата со „ракетите“ ја заврши со 18 поени, 10 скока и 11 асистенции.
Трипл-даблот за суперѕвездата беше 107-ми во НБА кариерата. Џејмс во оваа статистичка категорија го стигна Џејсон Кид, кој е на 4. Место на вечната листа.
Во топ 3 се Меџик Џонсон (138 трипл-дабл), Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (198).
OhridNews