„Кралот на кошарката“ Леброн Џејмс имаше неуспешно деби во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, откако на првата контролна средба пред почетокот на сезоната „езерџиите“ изгубија од Денвер 124-107.

Во неофицијалното деби Џејмс уфрли за него скромни девет поени, а додаде уште три асистенции и исто толку скокови.

Покрај овој натпревар се одиграа уште три подготвителни мечеви во кои победи извојуваа Сан Антонио, Бостон Селтикс и Чикаго кои славеа над Мајами (104-100), Шарлот (115-112) односно Њу Орлеанс (128-116).

OhridNews