Споредбите помеѓу Леброн Џејмс и Мајкл Џордан, а претходно и Коби Брајант, веројатно никогаш нема да престанат и никогаш нема да го добиеме конечниот и пред се правилниот одговор. Но легендарниот кошаркар на Чикаго, Скоти Пипен смета дека Џејмс не е „штоф“ каков што е Џордан.
Леброн Џејмс не е она што беше Џордан како кошаркар. Можам да кажам дека не е ни како Коби Брајант. Џордан имаше неверојатен инстикт, одговорност да ја преземе контролата во мечот и срце за последниот шут што го нема Џејмс. Коби го имаше тој ген, а од активните играчи такви предиспозиции имаат Пол Џорџ, Каваи Ленард, Расел Вестбрук. – изјави Пипен.
Во текот на оваа сезона Џејмс за својата игра во дресот на Лос Анџелес Лејкерс често е на мета за критика од Пипен.
– Не сакам да кажам дека Џејмс не знае како се победува и дека не е подготовен да се бори, но играчите кои го имаат тој победнички ген, ќе најдат начин да стигнат до топката и да решаваат. – потенцираше Пипен.
Тој во кариерата освои шест титули со Чикаго Булс и ја делеше соблекувалната со Мајкл Џордан, додека Џејмс има три шампионски титули. Две од нив се со Мајами, а една со Кливленд.
OhridNews