Интернет страницата „pickswise.com“ направи анализа во врска со сите твитови испратени до професионалните спортисти од светот на фудбалот, кошарката, тенискот, американскиот фудбал, голгот и хокејот.
Анализата која е направена врз основа на испратените твитови од јуни минатата до јуни оваа година ги даваат следните податоци:
Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс за една година добил 122.568 пораки кои вклучуваат навредлив говор. Дневно му доаѓале во просек по 336 пораки на Твитер и со тоа е најнавредуваниот спортист.
На неславното второ место е фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд со 32.328 такви пораки.
Следуваат Том Брејди (со 28.151), Кевин Дурант (24.370) и Вилијам „Буба“ Валас со 21.750.
Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо за една година добил 11.757 навредливи твитови, а зад него се Стеф Кари со 11.203 и Месут Озил со 11.192.
Интересен податок е фактот што дури 16 од првите 20 на оваа листа се црномурести спортисти.
OhridNews