Лебот, млекото и маслото за јадење од утре ќе се продаваат поевтино, било одлучено на состанокот на новоформираниот Комитет за следење на цените со претставници  на синдикатите, на најголемите маркети во земјава, на производителите на основните животни намирници и на Организацијата на потрошувачи на Македонија.

По средбата вицепремиерот Зоран Ставревски во изјава за медиумите рекол дека дел од маркетите предложиле во наредните триесетина дена да ги намалат маржите, па дури и да се откажат од нив за некои од основните производи со цел да се намали ценовниот шок.

Во обид да ги ублажи последиците од поскапување на цените Владата најави дека  во наредните три месеци на 7 – 10.000 најзагрозени семејства ќе им помогне со по 1.000 денари неповратни средства. Исто така било одлучено 20.000 тони пченица од стоковите резерви да им се продаде на мелничките претпријатија по цена од 15 денари за килограм, со што се очекува дополнително да се намали цената на лебот.

ohridnews