Лебот, млекото и маслото за јадење од денеска ќе се продаваат поевтино во поголемите маркети, откако државата, производителите и трговците, неодамна постигнаа договор за намалување на цените на основните прехрамбени производи.
За да се ублажи ценовниот шок, Владата ќе интервенира со околу 20.000 тони пченица, а големите маркети во наредните триесетина дена ќе ги намалат маржите. Според најавите лебот ќе се намали за околу 3 денари, поевтинува и млекото, додека цената на маслото за јадење ќе остане иста бидејќи таа требало денеска повторно да биде зголемена. Производите кои ќе се продаваат по поевтини цени во маркетите ќе бидат обележани со посебни ознаки.
Во обид да ги ублажи последиците од поскапување на цените Владата најави дека во наредните три месеци на 7.000 до 10.000 најзагрозени семејства ќе им помогне со по 1.000 денари неповратни средства.
ohridnews
топ вест: ФК Охрид пред колапс ! !
прочитај повеќе: http://www.ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=7&id=3687