Охридското Езеро плени со својата убавина, а секој ја доживува на свој начин. Украс на езерото и негов препознатлив симбол се и белите лебеди.Тие Охридското Езеро го доживуваат како свој дом, тука живеат преку целата година и тука го одгледуваат и своето потомство. И оваа пролет нова генерација малечки го збогати јатото. Грижливите родители деновиве запловија по езерото со своите две тукушто изведени пилиња кои сеуште се со сива боја на пердувите. Но, кога ќе пораснат, како во приказната за грдото пајче, ќе се претворат во два прекрасни снежнобели лебеди.


Лебедово езеро

фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ