Прекрасно семејство лебеди вчера го привлече вниманието на шетачите  на кејот. Парот лебеди со нивните две млади грациозно пливаше во близина на брегот следен од љубопитните очи на минувачите. Голем број луѓе застануваа да ги фотографираат лебедите. Дел од нив ги хранеа, а најмногу им се израдуваа децата. Лебедите се заштитен знак на Охрид и често можат да се забележат во близина на брегот како се дружат со луѓето.


Лебедова песна на кејот

Ohridnews