Државен непријател број еден во Велика Британија е лебедот Ханибал. Тој ја окупирал областа околу дворецот Пемброк, а откога дошол во езерото убил 15 птици и неколку повредил. Сведоците велат дека лебедот своите жртви ги мамел во стапица, а потоа ги мавал со крилата, скокал врз нив и ги давел.
МАриа Еванс од здружението на животни кои живеат во природа рекла дека Ханибал не убивал само мали, туку и големи лебеди.претходно тука живееле мируљубиви птици се додека не се доселил тој. Се претпоставува дека тој е агресивен поради водата, која околу дворецот е солена, не е чиста и нема многу хранливи состојки.