Најпознатата македонска музичка група, легендарните „Леб и Сол“ има нов гитарист и работи на нов албум. Ова официјално беше соопштено денеска во Охрид каде “Леб и Сол“ работи на новиот музички материјал.


Старите мајстори повторно во акција

На местото на големиот Влатко Стефановски на гитара во иднина ќе го гледаме( слушаме) Димитар  Божиков, кој со бендот настапи на прославата на 8-ми Септември во Скопје.


Бодан и новиот гитарист Божиков

Реакциите од тој настап се позитивни, истакна менаџерот  на групата Златко Ристески. Тој информираше дека „Леб и Сол“ интензивно работи на новиот албум во Охрид каде групата ќе остане до 20 септември.  Датумот кога ќе излезе албумот сеуште не може да биде објавен, затоа што  се работи сериозно и се додека „Леб и Сол“ нема да биде задоволен од од новиот материјал нема да го соопштиме датумот на објавување, рече Ристески.

Групата денеска во Охрид го промовираше и новиот веб сајт http://www.lebisol.info/, каде во иднина ќе може да се погледнат информациите поврзани со бендот.


Леб и Сол

Останата постава на групата е непроменета. Гаро на тапани, Кокан Димушески – клавијатури и Бодан Арсовски – бас гитара. Старата постава на „Леб и Сол“ информираше дека разделбата со Влатко Стефановски била коректна и дека причина за непродолжување на соработката биле личните планови на екс-гитаристот кој сметал дека „Леб и Сол“ повторно треба да се состави по 5 години.

Г. Момироски