Без Влатко на гитара и вокал и Гаро на тапани, новиот Леб и Сол во Охрид синоќа го промовираше матерјалот од новиот албум кој треба да го најави враќањето на најпознатиот македонски бенд на сцената. По синглот и видео спотот во кој Леб и Сол настапуваат со Дадо Топиќ, се случи и долго најавуваниот концерт во Центарот за култура во Охрид кој треба да го означи почетокот на новата приказна на групата. Колку без Влатко и Гаро таа ќе биде успешна како таа од пред дваесетина години кога групата го достигна зенитот по кој се распадна, останува да видиме.


Новиот Леб и Сол сефте во Охрид

Концертот кој се одржа во рамки на оф програмата на Охридско лето, наместо на Долни сарај како што беше првично најавено, се одржа во Центарот за култура поради лошото време. Тоа не им пречеше на многубројните фанови на Леб и Сол да уживаат во свирката на некогаш култниот бенд.

Ohridnews
фото: Васко Бујароски