Португалскиот фудбалер во редовите на Милан, Рафаел Леао на вчерашниот дуел со Сасуоло го постигна најбрзиот погодок во Серија А, затресувајќи ја мрежата на ривалот за 6.2 секунди. Леао со погодок ја круниса асистенцијата на Турчинот Хакан Чаланоглу кој тргна напред со топката после изведување на почетниот удар.
Погодокот на Леао е најбрз кога ќе земат во предвид најдобрите национални шампионати во Европа, Лигата на Шампиони и големите собири како Европските и Светските првенства.
Во Премиер лигата стрелец на најбрзиот погодок по само 7.69 секунди е Шејн Лонг (Саутемптон), додека во шпанската Ла лига е Хосеба Љоренте кој за 7.82 секунди ја погодил мрежата на Еспањол во дресот на Ваљадолид. Во Бундес лигата, Кевин Воланд за 9 секунди бил прецизен во дуелот од втората рунда помеѓу неговиот Хофенхајм и Фрајбург.
Во Лигата на Шампиони стрелец на најбрзиот погодок е Рој Макај. Холаднскиот голгетер во дерби пресметката помеѓу Баерн Минхен – Реал Мадрид за 10 секунди ја погоди мрежата на „кралевите“. Погодокот го постигна во 2007 година.
Во историјата на Светското фудбалско првенство најбрзиот погодок е дело на Хакан Шукур. Турскиот напаѓач во мечот за бронзениот медал во 2002 година стрелаше прецизно по 11 секунди игра. На континенталните собири најбрзиот погодок го има постигна Русинот Дмитри Кириченко. Тој за 1 минута и 7 секунди ја матираше Грција во 2004 година.
На светско ниво најбрзиот погодок е постигнат за 2.1 секунда. Стрелец е Гејвин Стоукс во 2017 година на дуелот Марихил – Клајбанк.
Мх.П.
Историја во „калчото“: Милан тргна од центарот и го матираше Сасуоло (видео)