Неславно со два порази во исто толку одиграни натпревари заврши авантура на Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев во првата рунда од квалификациската фаза за пласман во Лигата на Европа.
„Лавовите“ на реваншот во Скопје претрпеа нов пораз овој пат со 3-0 од Алашкерт и со вкупен резултат 6-1 финишираа со настапите во ЛЕ.
Без постигнат погодок во двата натпревари и со шест примени погодоци заврши Академија Пандев. Зрински од Мостар беше голем залак за „академците“ во дебитанскиот настап во фудбалска Европа.
Zrinjski – Akademija Pandev 1:0 pic.twitter.com/yZiHU1dRY9
— SportTime (@SportTi43915378) July 18, 2019
Eurogol Govedarice! Zrinjski – Akademija Pandev 2:0 pic.twitter.com/G44VnkNnVC
— SportTime (@SportTi43915378) July 18, 2019
Шанса за пласман понатаму има тимот на Шкупи, кој извлече позитивен резултат во првиот меч ремизирајќи 3-3 со Пјуник. Реваншот во Скопје започна во 20 часот и 30 минути.
OhridNews
Фото: Екипа.мк